Јапонската компанија Скај драјв објави дека успешно го завршила пробното возење на својот летечки автомобил со луѓе во него.

Демонстрацијата се одржа на 25 август на полигонот на Тојота – еден од најголемите во Јапонија.

– Ние сме многу возбудени што го направивме првиот лет со автомобил со човечки екипаж, во Јапонија по само две години откако ја основавме Скај драјв – со цел за комерцијализација на ваквите летала, рече извршниот директор на компанијата, Томохиро Фукузава.

СД-03 е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои осигуруваат „безбедност во итни случаи“.

„Сакавме ова возило да изгледа футуристичко, харизматично и пожелно за сите идни клиенти, со целосна интеграција на високата технологија на Скај драјв“, се вели во соопштението на компанијата.


Напишете коментар