Најавата за новата епизода на од шоуто Ѕвездите на Гранд, која ќе се емитува во саботата, го покажува конфликтот помеѓу жирито односно Светлана Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ, кои не се договорија за гласовите што треба да ги добие кандидатката од тимот на Цеца.

Вториот круг од шоуто на Ѕвездите на Гранд започнува оваа сабота, а на самиот почеток на истиот дојде до голема вербална расправија помеѓу членовите на жирито.

Марија Шерифовиќ во еден момент почнала да и вика на Вики Миљковиќ а потоа балканската дива Цеца и се замерила што го кренала гласот.

Ти си луда и хистерична, што викаш, не глува сум, и порачала Цеца на Марија, и додала – ќути!

Потоа Ражнатовиќ ја прекори Марија што не му го дала гласот за нејзиниот кандидат.

Имам прашање до Марија, ти кажа дека оваа девојка пее глупаво, неразбирливо, и и дадовте глас, а на мојата кандидатка не и даде глас, а таа не пееше глупаво. Објасни ми кои се чекорите ? – Цеца ја праша Марија.

А на ова Марија одговори во нејзин стил кажувајќи и критукувајќи ја Цеца дека, не и дала глас затоа што менторката и дала погрешни песни.