На истокот од австриската провинција Тирол, откривањето на нов вид коронавирус во моментов ги загрижува надлежните здравствени власти.

Според јавниот сервис ОРФ, на територијата на општина Линц е забележана целосно нова мутација.

Вирусологот Гернот Валдер предупредува дека новиот вид има потенцијал да ја заобиколи заштитата што ја дава вакцината.

Имено, некои пациенти кои се сега заразени веќе биле вакцинирани, а сега, како што вели, треба да се утврди дали вакцините функционираат или се работи за луѓе кои немале среќа.

Можеби тоа не е голем проблем, а можеби ќе стане уште поголем проблем. Сè уште не го знаеме тоа. Мораме детално да ја анализираме новата мутација, рече Валдер.

Тој посочува дека нема причина за паника, бидејќи е вообичаено вирусот да мутира.

За австрискиот научник е нејасно дали станува збор за мутација на британскиот вид или за сосема нов вид со слични карактеристики. Патем, општина Линц веќе подолго време е жариште на коронавирус, што им задава грижа на австриските власти.