На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена Итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој развила акутна респираторна слабост поради Ковид-19.

Екипа на лекари предводена од раководителот на Универзитетскиот оддел за хирургија и клинички оддел за торакална хирургија, Волтер Клепетко, успешно ги трансплантирале белите дробови на пациенкатат, кои биле толку оштетени, што веќе не можеле да се спасат и ги замениле со бели дробови на донатор на органи. Ова е првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на белите дробови во навидум безнадежна ситуација.
        
„Ние сме многу задоволни од состојбата на пациентката, особено ако се има предвид дека почетната состојба беше исклучително тешка. Таа се опоравува добро неколку дена по операцијата“, вели Клепетко.
        
Пациентката, кој не страда од никакви други болести, се заразила со коронавирус пред околу осум недели. Кога таа развила акутна респираторна слабост, вештачкото дишење веќе не било можно, туку само екстракорпорална мебранска оксигенација(ECMO) или вградување на циркулациска пумпа.
       
Затоа минатата недела била пренесена со австриски воен хеликоптер во Виенската општа болница, каде била сместена во одделот за интензивна нега. Во тоа време, тест за PCR утврдил дека коронавирусните честички сè уште се присутни во неа, но тие повеќе не се оценети како заразни.


Напишете коментар