Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствуваат на церемонијата по повод почетокот на реконструкција и модернизација на пругата Суботица-Сегед.

По тој повод на средбата меѓу српскиот претседатело Вучиќ и унгарскиот премиер Орбан, се собраа голем број граѓани. Во Хоргош има повеќе од 5.000 луѓе.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствуваа на церемонијата по повод почетокот на реконструкција и модернизација на пругата Суботица – Хоргош – државната граница со Унгарија – Сегед.

Во ноември следната година, рече тој, ќе бидат завршени работите започнати на линијата Суботица-Сегед, а потпоа двете земји ќе ја добијат најмодерната железничка делница, рече Вучиќ и додаде:

Крајниот рок за изградба на оваа пруга е следната година, нејзината должина е нешто повеќе од 27 километри и ќе биде поврзана со брзата железница Белград-Будимпешта, прецизираше тој.

Железницата покажува и дека сме во центарот на Европа, проценува претседателот на Србија.

Виктор Орбан рече дека границите на ЕУ треба да бидат пониски на југ и дека граѓаните на Србија треба да влегуваат во Унгарија и Европа без пасоши.

Сите ние многу добро знаеме дека Србија е порта на Балканот и клучна земја за безбедноста на Европа, додаде Орбан.

Вистина е дека Србија е подготвена да влезе во ЕУ со години, смета тој.

Претседателот на Србија, исто така, рече дека Србите и Унгарците знаат дека ќе имаат доволно гас.

Не би можеле да го протуркаме тоа сами, без Унгарците. Денес ќе зборуваме за најголемиот проблем со кој се соочува Европа, енергетските прашања, но ќе дејствуваме заедно како и досега, и Србија и Унгарија го издржаа притисокот, но сега кога го изградија гасоводот, знаат дека ќе имаат доволно гас, нагласи тој.