Пандемијата со коронавирусот ги натера организаторите на Вимблдон да донесат тешка, но очекувата одлука турнирот оваа година да биде откажан.

Сепак, наградниот фонд од 12,5 милиони долари ќе заврши во тенисерите и тенисерките кои би играле во главната ждрепка. Грен слем турнирот во Лондон на 256 играчи ќе им подели по 31.000 долари и дополнителни 15.600 за оние кои требаше да бидат дел од квалификациите.

Дополнителна сума од 7.800 долари ќе завршат кај играчите во двојки, а 20 играчи во инвалидски колички ќе инкасираат 7.500 долари.

„Веднаш по откажувањето на Вимблдон, се фокусиравме на тоа како можеме да им помогнеме на оние кои дозволуваат да се одржи турнирот. Знаеме дека овие месеци на несигурност беа грижа за сите. Многу играчи имаа финансиски потешкотии и со оправданост би очекувале да заработат награда на Вимблдон врз основа на нивниот рејтинг“ , изјави директорот на турнирот, Ричард Луис.

За првпат по 1945 година неофицијалното Светско првенство во тенис беше откажано. Вонредните услови си го направија своето, па оваа сезона фановите немаа можност да гледаат натпревари на трева.


Напишете коментар