Ванг Јанџи, директорката на Институтот во Вухан, ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека вирусот излегол од лабораторијата и додаде дека во таа лабораторија има три живи вируси и дека само еден од нив има сличност со Ковид 19 од само 79,8 отсто.

Негирањето пристигна во време кога се зголемува притисокот врз Кина и се поголем број држави ги обвинуваат Кинезите дека Ковид-19 е нивно биолошко оружје.

Сега имаме три видови живи вируси, но нивната најголема сличност со САРС КОВ 2 достигнува само 79,8 проценти, вели Јанџи.

Според Јанџи, еден од нивните истражувачки тимови, предводени од професорот Ши Женгли, го истражуваше коронавирус кај лилјаци од 2004 година и се фокусираше на „следење на изворот на САРС“.

Знаеме дека целиот геном САРС-КоВ-2 е само 80 проценти сличен на оној на САРС. Тоа е очигледна разлика. Значи, во претходното истражување, професорот Ши не обрнуваше внимание на ваквите вируси кои се помалку слични на вирусот САРС – вели Јанџи.

Темата дека лабораторијата за биосигурност била вклучена во епидемијата стана актуелна откако Претседателот Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео тврдеа дека има докази дека патогенот потекнува од таа лабораторија.

Сепак, Ванг Јанџи изјави дека институтот „претходно немал знаење, ниту дали некогаш го запознале, истражувале или го чувале вирусот“ и тврдењата ги нарече „чиста измислица“.

Ние дури и не знаевме за постоењето на вирусот. Како е тогаш можно тој да протече од нашата лабораторија, ако ние го немавме кај нас, праша таа.

Според Ванг Јанџи, лабораторијата ги примила примероци од тогаш непознатиот вирус на 30 декември 2019 и дека го утврдила геномот на 2 јануари 2020 година и го известила СЗО на 11 јануари годинава.


Напишете коментар