Сподели

Истражувањето за вакцината против Ковид-19, што се спроведува на универзитетот Оксфорд има само 50шанси за успех затоа што коронавирусот во Велика Британија се чини дека брзо исчезнува, изјави за Телеграф еден од професорите што го води развојот на вакцината.

Адријан Хил, директор на оксфордскиот Институт Џенер, кој воспостави соработка со производителот на лекови „АстраЗенека Плц” во развојот на вакцината, рече дека постои опасност претстојното истражување, во кое се вклучени 10.000 волонтери, нема да даде никакви резултати заради нискиот пренос на Ковид-19 во заедницата.

Тоа е трка со исчезнување на вирусот, трка против времето, изјави Хил за британскиот весник. Во моментов има 50 шанси да не добиеме никакви резултати, рече тој.

Експерименталната вакцина, наречена ChaAdOx1 nCoV-19, е една од најперспективните во глобалната трка да се најде заштита од новиот коронавирус што го предизвика пандемијата Ковид-19.

Неговиот тим започна рана фаза на тестирање на својата вакцина врз луѓето во април, а само неколку вакцини успеаја да стигнат до таа точка на развој.


Сподели