Во текот на изминатата недела од 10 до 16 август во земјава биле направени вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, односно за 2.062 (17,8 отсто) повеќе споредено со претходната недела, информираат од Министерството за здравство.

Од направените 11.605 тестирања, регистрирани се 902 нови позитивни случаи, така што во минатонеделниот период процентот на позитивни случаи од вкупниот број на тестирани изнесува 7.8%, што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движел од 10%, 9.4% и 8.6%, појаснуваат од ресорното министерство.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *