Германија ја надмина мрачната бројка од 100.000 смртни случаи поради компликации од Ковид-19 и објави рекордно висок број на заразени.

Бројот на починати како последица од Ковид-19, од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ) објавен во четвртокот наутро изнесува 100.119 луѓе.

Бројот на заразени во последните 24 часа, исто така, за прв пат ја надмина бројката од 70.000, а здравствените служби пријавија 75.961 ново заразени лица во изминатиот ден. Таа бројка претставува значително зголемување во однос на онаа од пред една недела од 65.371 новозаразени.

Во Германија во последните 24 часа беа пријавени 351 смртни случаи, во споредба со рекордот од 264 лице една недела порано.

РКИ има регистрирано 5.573.756 заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата до денес. Се верува дека вистинската бројка е многу поголема бидејќи многу случаи остануваат незабележани и не регистрирани.

Вкупниот број на закрепнати од Ковид-19 во Германија сега достигна 4.744.400 лице.