Вкупната количина на патогени на корона бирусот што заразиле 53 милиони луѓе ширум светот може да се смести во една лажица, пресмета австралискиот математичар Мет Паркер.

Со други зборови, ако се соберат сите патогени со кои се заразиле повеќе од 53 милиони луѓе, тие би давале осум милилитри течност, објави „Дејли меил“.

Паркер направи неколку проекции, а во најголемата проекција, количината на патогени би можела да ја собере во чаша за ракија, што е околу 45 милилитри течност.

Целиот хаос на светот може да се смести во една лажица. Патогените микроорганизми се многу мали, тие се само кодови што ги разбиваат здравите клетки, рече Паркер во својот подкаст „Проблемот е решен“.

Всушност, ковид-19 е милион пати помал од човечката клетка, а Паркер ја направи проценката заснована врз истражување на медицинското списание „Лансет“.

Кога помножи сè, тој пресмета дека има 3,3 милијарди ковид-19 клетки во човечкото тело.