Се предлага продолжување на мерката 14.500 денари помош за компаниите за исплата на плата, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Вели дека тоа е со цел да им се помогне на фирмите.

Бектеши информираше и дека Владата усвои нова уредба за зајакнување на конкуренртноста, од 20 милиони евра, наменети за сите компании од приватниот сектор.

Целта е да се помогнат домашните компании кои ќе ги изгубат пазарите, за повторно да ги освојат, и зголемување на конкурентноста. Помошта е за фирмите што ќе почнат инвестициски проект, и тоа од март, но и во постковид периодот од јули до декември оваа година. 

Помош ќе добијат сите компании кои 2020 имаат инвестициски проект, или ќе изготват и ќе реализираат таков проект во 2020 или 2021 година. Ќе ги опфаќа сите коимпании кои работат во производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност. 

Се овозможува и на ИТ компаниите да добијат поддршка, доколку нивните инвестиции опфаќаат нова инвестициона единица, или хардверско решение


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *