Владата и претставници на Сојузот на средношколците на денешната средба не постигнаа договор околу начинот на наставата во средните училишта во новата учебна година но разговорите околу тоа ќе продолжат и во следната недела. Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, министрите за образование и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче, како и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска денеска примија делегација на Сојузот на средношколци предводена од претседателот Бленди Ходаи.

До средбата дојде по незадоволството на средношколците заради тоа што не се вклучени во определувањето на начинот на наставата заради што се најави и можен бојкот. Тие бараат наместо само моделот на онлајн настава да се промени комбинирана настава: со физичко присуство и онлајн.

-Прифатена е сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците, се истакнува во соопштението.


Напишете коментар