Според изворите на весникот „Газета експрес“, Уставниот суд на Косово донел пресуда по жалбата на Движењето Самоопределување во врска со гласањето на пратеникот Етем Арифи, што беше клучно за формирањето на владата предводена од Авдулах Хоти.

Според овие извори, се очекува Косово да оди на избори во рок од 40 дена, бидејќи Уставниот суд пресуди дека гласот на пратеникот Етем Арифи за формирање влада на Хоти е неважечки.

Демократскиот сојуз на Косово формираше нова влада по соборувањето на Албин Курти во Собранието на Косово со гласање на недоверба, пренесува „Косово онлајн“.