Хрватската демократска заедница е победник на вчерашните парламентарни избори во Хрватска. ХДЗ освои 66 пратенички мандати, опозициските социјалдемократи 41 мандат и партијата на познатиот пејач Мирослав Шкоро освои 16 пратенички места.

ХДЗ потврди дека е најсилна партија во Република Хрватска и победи, многу убедливо, во осум од десет изборни единици, според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија. Според првите нецелосни резултати, ХДЗ освои околу 66 места, што значи дека Андреј Пленковиќ ќе може да формира нова коалициска влада без поголеми тешкотии.

Претседателот на ХДЗ даде многу мирен победнички говор, од каде може да се прочита дека тој нема намера да соработува со десничарските радикали:

Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани, на сите што излегоа и го дадоа својот глас рече Пленковиќ. Ваква голема поддршка е огромна обврска за нас и ние ќе се погрижиме за тоа. На Хрватска и се потребни решенија и за економијата и за предизвиците на јавното здравство, за зајакнување на институциите, човековите и малцинските права. На Хрватска и треба влада што ќе наследи нов модерен суверенитет, рече Пленковиќ. Во последните години, ние ја поставивме ХДЗ на онаа местото од политичкиот спектар каде Туѓман секогаш сакаше да биде партијата, заклучи тој.

Инаку, во рок од две недели ова е втора убедлива победа на една владејачка партија од регионот на парламентарните избори. Пред две недели Вучиќ убедливо победи на изборите во Србија, а вчера убедлива победа издвојуваа и Пленковиќ и ХДЗ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *