Властите на мадридскот регион им препорачаа на граѓаните да ги носат маските и во својот дом ако има луѓе со кои не живеат, а Белгија воведува задолжително носење маски на отворено каде што ма повеќе луѓе.

Шпанија веќе има најстроги правила во Европа за носење маски. Во Мадрид се задолжителни секаде во јавните простори освен ако сте на отворено и можете да држите растојание од 1,5 метри. Во поголемиот дел од државата тие во јавност мора да се носат без оглед на дистанцата, но нема правила за нивно носење дома.

„Ние препорачуваме, како мерка на претпазливост, да се носат маски и во приватните простори кога се сретнувате со луѓе со кои не живеете“, кажа на конференција за медиумите Енрике РуизЕскудеро, шефот на здравствените служби на регионот на Мадрид, но призна дека нема начин властите да го контролираат почитувањето на препораката.

„Мислиме дека тоа е важно бидејќи повеќето појави на низа зарази се случуваат во семејството, на средби со пријатели или прослави на кои се собираат луѓе кои не живеат заедно“.

Тој им кажа на граѓаните дека одлуката дали ќе носат маски на приватните собирања е нивна и додаде дека повеќето луѓе во Мадрид носат маска на отворено иако тоа не е задолжително.

Мадрид беше еден од најтешко погодените шпански региони на врвот на пандемијата, но во последните недели бележи многу помалку случаи на зараза од Каталонија и Арагона, каде се повеќето нови случаи на зараза.

Поради растот на бројот на новозаразените мерките за сузбивање на епидемијата од 25 јули ги заострува и Белгија.

Премиерката Софи Вилмес најави дека маски ќе мора да се носат и на отворено каде што има многу луѓе и дека се воведуваат мерки за следење за рестораните и баровите.

Белгија воведе карантин на 18 март за да го сузбие ширењето на ковид-19 од кој во таа земја умреа 9.808 луѓе со една од највисоките стапки на смртност во светот.


Напишете коментар