ВМРО ДПМНЕ и Бранко Црвенковски денес ја започнаа кампањата за локалните избори. ВМРО традиционално од Охрид, а БЦ нетрадиционално од МАНУ. Но и ВМРО ДПМНЕ и Бранко Црвенковски ја почнуваат кампањата со три цели: Да го поразат Зоран Заев, да има смена во врвот на СДСМ и да биде формирано ново мнозинство или ако тоа не е можно, да биде формирана широка влада. Таа задача за формирање на нова или на широка влада сега му е доверена на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Веќе две години јас ја кажувам таа теза и ги правам тие анализи, дека Црвенковски му помага на Христијан Мицкоски да остане на чело на ВМРО ДПМНЕ и да дојде на власт. На почетокот имаше многу скептични околу таа анализа, сега има премногу кои веруваат дека таа анализа е точна.

Порано мислев дека се работи за суета или за повредена суета на БЦ, но сега сум сосема сигурен дека е тоа дел на стратегија во која БЦ е доброволно или е принудно вмрежен.

Ние во овој текст ќе ви постираме три линкови од три емисии Во Центар каде ги правевме тие анализи. Но да се вратиме на поентата: Што кажа денес БЦ во МАНУ, на почетокоот на својата кампања за локалните избори?

Прво, Македонија била корумпирана држава. Да, се разбира. Не корумпирана туку длабоко криминализирана со криминалната приватизација. А татко на таа приватизација е лицето БЦ. Тогаш е формирана таа олигархија која сега ги контролира медиумите, обвинителството, судството, тајните служби, полицијата и администрацијата.

Но, сега топ темата за корупција добива друга димензија. Тоа е тезата на “Кисинџер од Издеглавје” или вториот човек на ВМРО ДПМНЕ (соседното село на Слатино од каде потекнува БЦ, но и неговиот најверен војник се до неговата смрт-чичко Лазар Китановски, екс директорот на Агенцијата за разузнавање). Според Александар Николоски ние сме добиле вето за почетокот на преговорите со ЕУ и тоа не поради Бугарија и нивните барања туку поради корупцијата и криминалот.

Плус, се сеќавате на последната дебата на една национална телевизија, во тв дуелот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски токму темата за корупција беше клучната стратегија на Мицкоски и опозицијата.

Второ, да биде создадена национална платформа околу која ќе се постигнел општествен консензус додека не се решеле сите клучни работи во државата. Тој, или лицето БЦ, ги повика МАНУ ( каде се пола од неговите министри, плус најголемиот Македонец по Александар Македонски, академик Љупчо Коцарев-чудно и тој е од Електро-машинскиот факултет), Стопанската комора ( онаа на олигархијата каде е Бранко Азески, но БЦ внимаваше да не згреши и да ги повика Сојузот на стопански комури каде е Данела Арсовска за да не биде многу провидна и видлива работата ), Универзитетот ( каде БЦ има секогаш силни упоришта) и на крај Претседателот Стево Пендаровски.

Оваа платформа, преведено, значи да биде формирана широка или експертска влада. Што е теза, желба, па дури и влажни соништа и на Христијан Мицкоски и на опозицијата. Бидејќи, “наше дете” Мицкоски не е кадарен тоа да го направи, сега БЦ му ja дава таа задача на уште едно “наше дете”, Стево Пендаровски.

Значи треба да биде направен консензус, а секој консензуз подразбира компромис на сите чинители. И тоа го кажува човекот или лицето БЦ кој го замрзна членството во СДСМ по интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС. Па нели компромис и треба на државата!? Или компромис треба да има само за тоа што го мисли и прави БЦ?

Само уште да напишеше БЦ дека во таа платформа треба да биде ослободен Јордан Орцe Камчев и сите “жртви” на членот 353, тогаш ќе беше апсолутно феличита атмосфера и тогаш одеднаш ќе немаше ни криминал, ни корупција, ни лоши договори со Грција и Бугарија.

Трето, Преспанскиот договор било нужно зло или избор на помалото зло, а договорот со Бугарија ја ортворил пандорината кутија и биле поставени барање за кои или околу кои компромис не бил можен.

Која е тезата на Мицкоски за Преспанскиот и потенцијалниот договор со Бугарија? Исти се тезите на БЦ и на ХМ. Фала на прашање ама и адресата која ги става на маса тие тези е истата.

Уште да запука по Рамковниот договор и ете го БЦ ќе биде прв политички пензионер кој ќе се закуца на црната листа на Џо Бајден. Еднаш беше ставен на таква листа кога ги кршеа санкциите кон СР Југославија, потоа беше ставен кога јуришниците кои во тој момент важеа за блиски на него упаднаа во Амбасадата на САД, таа 1999 година. И едвај се спаси од тоа, па мораше да турка рамковен договор по секоја цена за да се врати на власт. Сега ќе биде трета среќа-Џо Бајден да биде гарант на неговата дооолга политичка пензија и неславниот крај на една голема политичка кариера.


One thought on “ВМРО ДПМНЕ од Охрид, а Црвенковски од МАНУ ја почнаа кампањата за локалните избори: На крај БЦ ќе се закуца на црната листа на Бајден!?”

Comments are closed.