Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува фер и демократска кампања за претстојните предвремени парламентарни избори, и најавува кампања комплетно поинаква од оние што биле организирани досега.

-Очекуваме фер и демократска кампања, иако целокупната јавноста беше и е сведок на начинот на кој СДСМ и Заев се обидуваат да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните. Има тронка надеж дека ќе се вразумат и дека ќе престанат тоа да го прават, во спротивно имам да им порачам дека за многу брзо од сега, за нецели 20 дена, ќе има промена на власта и дека ќе одговараат за сето тоа што го прават, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори во ДИК.

Изборната кампања за изборите на 15 јули започнува на 24 јуни.

-Кампањата која што ќе ја водиме дефинитвно ќе биде поинаква од она што сме го имале во минатото. Прв приоритет е да се погрижиме здравјето на граѓаните да остане како што беше наш прв приоритет и сите ние да се чуствуваме заштитени и безбедни. Нормално дека ќе има дел преку социјалните медиуми, телевизии и сите останати пишани медиуми. Факт е дека ќе има и теренски активности, во кој обем и во каков вид ќе бидат ќе видиме, големиѓ митинзи нема да се случуваат, барем не во таков обем. Секако дека ќе пробаме да пристапиме кон секој еден гласач почитувајќи ги мерките за заштита, истакна Јанушев.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *