Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина починаа 84 лица кај кои беше потврдено присуство на коронавирус, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.

62 лица загинаа во Федерацијата БиХ и 22 лица во Република Српска, а податоците за областа Брчко сè уште не се објавени.

Во последните 24 часа, во БиХ се регистрирани 643 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Од тоа, во Федерацијата БиХ 463 и во РС 180.

Во Федерацијата БиХ биле тестирани 2.641 , 463 биле позитивни на коронавирус и биле регистрирани нови случаи во сите кантони на БиХ.