Вооружените сили на Босна и Херцеговина се единствени во светот, бидејќи имаат повеќе офицери отколку војници.

Душанка Мајкиќ, заменик претседател на Заедничката комисија за одбрана и безбедност во Парламентот на БиХ, рече дека е апсурдно што бројот на офицери и подофицери е несразмерно поголем од бројот на војници во вооружените сили на БиХ, што значи дека минатата година 4886 офицери и подофицери командувале со само 3.968 војници.

Тоа е апсурдно, иако е познато уште од формирањето на вооружените сили дека бројот мора да се прилагоди на соодносот од 70 спрема 30 во корист на војниците.

Министерството за одбрана со години не стори ништо во таа насока, потенцираше Мајкиќ, додавајќи дека поради тоа, во последните години, буџетот на Министерството за одбрана најмногу се трошеше на персонал, а не на опрема и обука.

Таа посочи дека и војниците биле незадоволни од ситуацијата.

Иако, во согласност со законот, тие ја напуштаат службата на 40-годишна возраст, тие сепак заминуваат порано. Треба да планираме на време, но не го знаеме тоа. А, тоа ги покажува проблемите во воените редови, рече Мајкиќ.

Таа додаде дека со единиците командуваат 13 генерали и бригадири чие назначување не помина низ целата правна процедура, бидејќи тоа не беше потврдено од парламентот на БиХ.