Дали нашата добра воља за да се подобрат односите со Бугарија ќе донесе до продлабочување на историските проблеми на Македонија останува да видиме . Празнување на заеднички празник со држава која што вели дека нашиот јазик не постои, е голем ризик за државата.

Универзитетите во Софија и Битола во рамки на заедничкото празнување на св. Климент Охридски денеска почнаа заедничка научна конференција на тема „Димензиите на компетенциите“.

-Со фокус кон размена на студенти, кадар, споделување искуства, знаења, вештини односно обезбедување цврста поврзаност на сите институционални но и индивидуални членови на нашите две академски заедници, рече Царовска, додавајќи дека „критериумите треба бидат насочени кон знаење, успех, професионалност, стручност, одговорност и компетентност, кон квалитет и примена на европски стандарди“.

Целта е да ги привлечеме сите кои имаат желба да ни го доверат своето образование, своето усовршување, сите што со своите интелектуални и морални кавалитети, со својата стручност сакаат да придонесат кон побрз развиток на високото образование, на науката, во амбиент на автономни универзитети каде основната претпоставка е академската слобода, индивидуалното надградување и потврдување на способностите и квалитетот. Токму Софискиот и Битолскиот универзитет преку заедничкото празнување на свети Климент Охридски се предводници со кои го заземаат авангардното место во општеството што претставува наша должност како академска заедница. Заедничкото празнување за двата универзитета претставува повод и одлична можност до академската јавност да се испратат пораки што ќе значат поттик за интензивирање на меѓусебната соработка, нагласи проректорот Ѓуровски.