Миодраг Зец е професор на култниот Филозовски Факултет во Белград. Во последните неколку години е вистинско освежување и на социјалните мрежи. Неговите интервјуа на youtube имаат огромна гледаност. Успева да го задржи вниманието на гледачите со една прекрасна мешавина на знаење и хумор, затоа се неговите интервјуа лесни за гледање.

Во вечерашната емисија разговараме за одмаздата која лошите ученици ја прават врз државата. Таа лоша селекција кога најлошите од нас завршуваат во политиката и затоа во сите посткомунистички држави има проблеми во изградбата на нов систем кој треба да им служи на граѓаните.

Според професорот Зец ние не живееме во сегашноста, односно, колку е подалечно минатото толку ние повеќе го сакаме. Тешко ќе можеме да одиме напред бидејќи имаме класично урнисување на институциите, па така во црквите место да бараме надеж и верба таму наоѓаме бизнис и криминал, а во државата место да наоѓаме сигурност ние наоѓаме незнаење.

Овој наш регион се наоѓа на половина пат меѓу Германија и Турција. Од Германија сме ги добиле зборовите ( штрафцигер, дихтунг итн. ) што значат работа, а од Турција зборовите што значат уживање ( перница, јорган итн. ). Тоа наше наоѓање на половина пат значело постојано освојување или од едните или од другите.

Смета дека Русија не може да функционери поинаку отколку како деспотија, а во Кина како ќе се зголемува средната класа така луѓето се повеќе ќе бараат демократија и повеќепартиски систем. А нашите лидери само прават карикатура од себе кога сакаат да го копираат Путин.

Според професорот Зец, Јосип Броз Тито имал среќа што умрел на време инаку ќе морал разочарано да гледа како се распаѓа неговата Југославија.

Во светот постојат неколку начини да се стекне капитал. Со работа, со освојување, а нас бидејќи не не бивало ни за едното ни за другото ние правиме транзиција.

Целата емисија може да ја погледнете на следниот линк:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *