Во последната емисија Во Центар пред изборниот молк ќе има две интервјуа, едно со Солза Грчева, Претседател на Глас за Македонија и со Љупчо Ристовски, Претседател на Интегра. Станува збор за две млади партии кои внесоа свежина на политичката сцена.

Како да се спаси државата и да престане процесот на нејзино разградување? Македонија ја чека многу тежок период, пандемијата со корона висусот, економска криза и решавање на некои отворени регионални прашања кои можат да имаат влијание во Македонија.

Што мислат за идеата Албанец премиер, дали е тоа стратегија на Али Ахмети да победи на изборите или обид на Ахмети да направи се да не ја доживее судбината на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај на Косово?

Најавуваат поништување на Преспанскиот и Бугарскиот Договор. Дали двете најсилни политички партии имаат сила да ги одбранат македонските национални интереси? Односно, дали лидерите на двете големи партии се под контрола на Бојко Борисов?

Кој ќе победи на изборите, кој је ја формира владата, дали искуствата од Србија и Хрватска, каде власта победи на изборите може да бидат повторени во Македонија? Какви се анкетите и дали тие некого фаворизираат?

Опозицијата и Мицкоски водат кампања да не се гласа за малите партии, бидејќи гласот за малите партии е глас за Зоран Заев. Што за тоа мислат Грчева и Ристовски.

Дали е можна широка влада, односно дали сегашните искуства со широката влада остава простор да се размислува за влада на национален спас по изборите?

Што мислат за Заев а што за Мицкоски, со кого би коалицирале а со кого не би коалицирале и под кои услови тоа би го направиле?

Ова е најава за две одлични интервју so Солза Грчева и Љупчо Ристовски во рамки на емисијата Во Центар на youtube.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *