Досега се увезени 23 милиони неисправни маски за лице во Европската унија!

Скоро 23 милиони заштитни маски во Европската унија, увезени кон средината на септември, биле неисправни, потврди Европската комисија.

Комесарот за правда Дидие Рејндерс во понеделникот, во име на Европската комисија, го извести хрватскиот европратеник Томислав Сокол дека врз база на нивните истраги направени кон средината на септември биле откриени 23 милиони маски кои се обележани како неисправни, соопшти во вторникот Канцеларијата за односи со јавност на ЕПП.

Овие 23 милиони маски беа обележани како неисправни главно поради недоволниот капацитет за филтрирање или неправилното прилагодување на маските на лицето и недостатокот на сертификација што ја бараат релевантните европски власти.

Од поднесените 121 пријава, 104 се однесуваа на маски произведени во Народна Република Кина, две на маски произведени во Мексико, по една на маски од Данска, Турција, Украина и Виетнам, а во 11 случаи потеклото не било пријавено или не било познато.

Европскиот парламент неодамна усвои извештај за безбедноста на производите на единствениот пазар, чија цел беше да се воведе правило според кое без разлика на фактот дали производот е купен преку Интернет или на друг начин не треба да се прави никаква разлика во заштита на потрошувачите од небезбедни производи.