Мари Ко испиша историја во Франција откако стана прва трансродова личност избрана за градоначалник.

Педесет и петгодишната Ко, чија платформа се базираше на екологијата и градењето на локалната економија, ќе го води градот Тилој-ле-Маршиен во североисточна Франција откако ја добила довербата на локалниот совет.

„Не се сметам себеси за активистка. Мојот фокус ќе биде на општинската политика. Луѓето не ме избраа затоа што сум трансродова личност, туку поради мојата програма“, изјави Ко.

Тилој-ле-Маршиен, заедница со околу 600 жители што се наоѓа до границата со Белгија, одржа локални избори во март, пред да се заостри кризата со коронавирусот.


Напишете коментар