Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ за приватна посета на албанскиот премиер Еди Рама ја користел моторна јахта Учка на хрватската морнарица и воен хеликоптер.

Албанскиот портал Лајме Драч пишува дека Милановиќ пристигнал во Албанија со бродот Учка.

Воениот брод Учка, на кој се наоѓаше хрватското претседателско семејство, беше закотвен во пристаништето Химера последните два дена, пишува овој албански портал.

Хрватските медиуми пишуваат дека по напуштањето на политиката во 2016 година, Милановиќ ја основал својата консултантска компанија EuroAlba Advisory, а во 2017 година се шпекулираше дека ќе го советува Еди Рама во процесот на пристапување на Албанија во Европската унија.

Бродот на кој хрватскиот претседател Зоран Милановиќ допатува во Албанија за да го посети албанскиот премиер Еди Рама, има многу богата историја.

Станува збор за моторната јахта „Учка“ која во поранешниот систем се викаше „Подгорка“ и беше ексклузивен брод на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито. Изработена е во 1963 година во Корчула и оттогаш во салоните на овој титов брод гости беа многу великани од светската историја.

На Подгорка беа дочекани шефовите на држави кои беа познати како членови на Движењето неврзаните, како што се поранешните египетски претседатели Гамал Абдел Насер и Анвар ел-Садат и либискиот лидер Моамер ал-Гадафи.

Покрај моќните државници, холивудските диви како Елизабет Тејлор и Софија Лорен исто така пловеа на ексклузивната јахта, а по распадот на СФРЈ, јахтата се пресели од Југословенската морнарица во Хрватска.

Оттогаш, таа беше на располагање на хрватските претседатели, па затоа беше користена од Фрањо Туџман, Иво Јосиповиќ и сега Зоран Милановиќ.

Пред две години Учка ги возеше членовите на хрватската фудбалска репрезентација, кои освоија сребро на Светскиот Првенство во Русија. Тие со таа јахта допатуваа на познатата Сплитска Рива.

Бродот Учка е единствениот резиденцијален брод во рамките на хрватската морнарица. Тој е екстремно добро сочуван и опремен за едрење и примање ексклузивни гости.

Во својот салонот Учка има раскошен персиски килим кој во еден квадратен сантиметар има илјадници јазли на плетење, а бродот има четири ВИП кабини чии зидови се обложени со свила.

Јахтата е долга 39 метри. Се напојува со два МТУ мотори, секој со моќност од 1800 КW што може лесно да достигне брзина од 18 јазли. Собира 1500 литри вода за пиење и 8000 литри гориво. Во неа може да се сместат 40 патници, од кои 15 се членови на екипажот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *