Претседателот на Јувентус многу брзо стана една од најомразените луѓе во светот на фудбалот.

За официјализирањето на Европската Супер лига ќе се зборува со денови.

Засега, имаме 12 основачи клубови чие место во елитното натпреварување е загарантирано од сезона во сезона. Тие ќе се обидат да привлечат клубови од Германија и Франција, односно само парижаните ќе бидат од Лига 1. Парите се огромни, но според денешната реакција на берзата, можеме да видиме како вредностите на акциите на Јувентус скокнаа за неколку проценти.

И можеби Андреа Ањели, претседателот на Јувентус беше главниот човек на пресвртот.

Италијанецот, по официјализирањето на ЕСЛ, се повлече од својата позицијата во организацијата ЕЦА (која соработува со Европската куќа на фудбалот), а исто така го напушти своето место во комитетот на УЕФА.

Претседателот на УЕФА, Чеферин е посебно разочаран од ваквите потези на Ањели. Андреа е дури и кум на неговото дете. Се наведува дека тие тесно соработувале додека Ањели бил претседател на ЕЦА, а сега тој се свртел и станал десна рака на Флорентино Перез.

Некои медиуми јавуваат дека Ањели имал договор со Чеферин. Ла Газета пишува дека договорот бил Јувентус да не се приклучи на ЕСЛ во следните 10 години, а италијанската Серија А ќе добие инвестиции во вредност од 1,7 милијарди евра, кои би биле наменети за реконструкција на стадионите. Клаузулата беше прекршена вчера.

Ањели го предаде својот кум Чеферин, првиот човек на УЕФА.