Во последните 24 часа, во Италија починале 415 пациенти , 63 повеќе од претходниот ден, објави Министерството за здравство на Италија.


Во исто време, дневниот број на новоинфицирани е помал од претходниот ден и изнесува 10.872, но помал број тестови беа извршени за време на викендот, што резултираше со помал број нови случаи.

Од почетокот на пандемијата во Италија, регистрирани се вкупно 69.214 смртни случаи меѓу заболени од кавид , најмногу во Европа, а потврдени се над 1,9 милиони случаи на ковид-19, објави Ројтерс.

Во моментот, 25.415 лица заразени со вирусот корона се хоспитализирани во италијанските болници, а има 2.757 на интензивна нега.