Во рускиот регион Јакутија, област што се смета за најстудено место за живеење на планетата, температурата повторно достигна екстремни минус 50 степени Целзиусови, пишуваат руските медиуми.

Јакутија е најголема руска автономна република, ја зазема целата територија на источен Сибир и се наоѓа во североисточниот дел на евроазискиот континент.

Повеќе од 40 проценти од територијата на оваа републиката се наоѓаат зад Арктичкиот круг.

Вкупната површина на арктичката област на републиката е речиси 1,6 милиона квадратни километри, што претставува околу 52 проценти од нејзината територија.