Кина вчера пријави пет нови случаи на коронавирус, два помалку од претходниот ден, објави Ројтерс повикувајќи се на здравствени власти.

Сите нови случаи се увезуваат од странство. Бројот на асимптоматски случаи што Кина не ги третира како потврдени е седум, во споредба со десет во вторникот.

Вкупниот број на потврдени случаи на КОВИД-19 во Кина достигна 90.726 од почетокот на пандемијата, додека оној на мртвите останува непроменет – 4636, јави БТА.