Нови детали од обдукцијата извршена по хеликоптерската несреќа на Коби Брајант. Во извештајот од 180 страници е напишано дека Брајант го користел лекот метилфенидат Риталин, кој се наоѓа на списокот на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција, затоа што ја зголемува експлозивноста и јачината на спортистите. Риталин се користи за контрола на нарушувања на хиперактивност и нарколепсија или нарушувања на вниманието.

Риталин обично се користи за подобрување на концентрацијата кај хиперактивни деца постари од шест години. Под негово дејство се зголемува количината на невротрансмитери во мозокот, допамин и норепинефрин, кои го регулираат нивото на внимание.

Експертите велат дека зависноста од овие таблети се развива многу лесно, особено ако количините се преземаат повеќе од пропишаните или не се земаат на адекватен начин, туку интравенозно или со шмркање. Кога се зема на начин што не е медицински пропишан, тој предизвикува ефекти слични на кокаинот, т.е. произведува еуфоричен ефект. Администрацијата за спроведување на лекови на САД ја вклучи оваа дрога во списокот на оние за кои постои висок ризик од злоупотреба.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *