Денес во Љубљана се одржа 20-та Парада на гордоста, чии учесници истакнаа дека покрај борбата за ЛГБТ + луѓето, потребно е да се продолжи и борбата за пошироки социјални права за кои сметаат дека се загрозени.

Поради ограничувачките мерки поради пандемијата на вирусот корона, дефилето се одржа во форма на десет мали собири кои се споија на плоштадот пред парламентот каде што групи со различни бои на чадори стоеја во форма на виножито, симбол на движењето за правата на заедницата ЛГБТ +.

Говорниците ја критикуваа владата, тврдејќи дека таа ги следи неоконзервативните европски земји каде што расте омразата кон ЛГБТ + заедницата, како и репресијата заедно со нападите врз основните темели на демократијата како што се слободата на медиумите, поделбата на власта и слободата на собирање.

Поддршка за правата на ЛГБТ + заедницата дадоа претставници на странски амбасади кои учествуваа на маршот носејќи транспарент на кој пишуваше Дипломатија за еднаквост.