БНД направи многу лоши проценки, ја поддржуваше албанската мафија и таа служба ќе мора да биде рециклирана по заминувањето на канцеларката Ангела Меркел од власт, рече Претседателот на Републиканската партија од Србија, Никола Сандуловиќ во емисијата Во Центар.

Политичарите во државите кои се настанати по распадот на СФРЈ најмалку се бават со политика, смета Сандуловиќ. Тие извршуваат некои геополитички задачи кои ги бараат од нив, а во основа се бават со криминал. Преку турскиот Претседател Таип Ердоган и таа т.н. авганистанска траса хероинот влегува на Балканот а потоа и во Европа. Нашите политичари на власт енормно се богатат, тие секој ден заработуваат милиони. Тие имаа толку многу пари што почнаа да купуваат банки на Балканот, рече Сандуловиќ во емисијата Во Центар.

Се е под нивна контрола, смета Сандуловиќ, од банки, медиуми до оперативниот систем за прислушкување во целиот регион кој е сега во Македонија.

Целата марихуана од Србија и од регионот во моментот се складира во Македонија, тврди Сандуловиќ. Повеќе од 10,5 тони масло од канабис во овој период има складирано во Македонија. Тој канабис требаше да биде продаден во Америка и Канада, но не се договорија околу цената од 50 илјади евра по еден литар и место во Канада и Америка сега канабисот ќе се продава во Европа. Вредноста на целата зделка е околу 500 милиони евра. Според Сандуловиќ од тие пари се сега купени две банки на Балканот.

Според Сандуловиќ луѓе блиски на Еди Рама, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ, Зоран Заев и Хашим Тачи ги влечат конците во целиот тој бизнис.

Повеќе на следниот линк:

Кој шверцува марихуана!?

Кој шверцува марихуана!?

Posted by vocentar.com on Friday, June 5, 2020

Напишете коментар