Минимум лански цени за откуп на грозјето и дополнителна субвенција од државата бараат лозарите од Тиквешијата. Сметаат дека визбите немаат основ да ја рушат откупната цена. Од здружението „Напредни лозари“ алармираат дека доколку се сруши цената, нема да го даваат грозјето. 

„ Ние нема да отстапиме од нашите барања минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата.  Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род“ велат од Здружението „Напредни лозари“.

Лозарите велат дека се  подготвени  родот да го остават на нива или да го искористат за производство на домашни производи, ракија, вино или маџун, доколку визбите и годинава се обидат да ја рушат цената на грозјето, како во минатите години.

А.Д


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *