Можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, планира да овозможи Владата во следниот мандат. Мерката стои во владината програма за работа од 2020 до 2024 гоидна но поради тоа што таму не се наведени рокови, не е прецизирано кога ќе бидат донесени овие законски измени.  

Владата се обврзува да обезбеди нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија. 

За пензионерите се најавува воспоставување 10 центри за активно и здраво стареење, со програми кои ќе се грижат за менталното и физичкото здравје, социјализацијата и меѓуврсничката комуникација на старите лица.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *