Соединетите Држави одредија датум за погубување на Лиза Монтгомери, и таа ќе биде првата жена погубена во САД по повеќе од шест децении.

Министерството за правда соопшти дека Монтгомери требало да добие смртоносна инјекција на 8 декември 2020 година. Таа во 2004 година е осудена дека задавила жена од Мисури, која била бремена во осми месец, а потоа ја исекла и ѝ го земала детето, пишува Си-ен-ен.

Последната жена погубена во САД била Бони Браун Хеди. Таа била осудена за киднапирање и убиство, а нејзината смртна казна била извршена на 18 декември 1953 година. Истата година биле погубени Етел Розенберг заедно со нејзиниот сопруг, кои биле осудени за шпионажа.

Монтгомери се наоѓа во федералниот затвор во градот Тере Хауте, Индијана.