Повеќе од 90.000 куни ќе бидат убиени на фарма во Шпанија, откако вирусот корона што ги зарази се рашири кај луѓето.

Здравствените власти наредија егзекуција на околу 93,000 куни на фарма во источна Шпанија, откако беше откриено дека десетици илјади од нив се заразени со вирусот корона и дека тие ја пренеле инфекцијата на работниците.

Властите донесоа одлука да спречат понатамошно ширење на вирусот.

Фармата се наоѓа во селото Ла Пуебла де Валверде во регионот Арагон, на околу 200 километри од Мадрид.

Ветеринарите започнаа со тестирање на животните откако сопругата на еден од работниците доби позитивен тест за вирусот корона во мај.

Дури седуммина работници се разболеле, вклучително и сопругот на жената кај која за прв пат бил регистриран вирусот – објавија денеска официјални лица во Арагон. Отпрвин, планот беше да се изолираат животните, но откако беа откриени се поголем број случаи на инфекција кај луѓето, куните, кои се одгледуваа на фармата заради крзно, ќе бидат уништени.


Напишете коментар