Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен на Клиниката за Дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица, соопшти Министерството за здравство.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.

Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.