Во Словенија, во последните 24 часа беа потврдени 1.731 нова инфекција со коронавирус од вкупно 6.657 направени тестови, а починаа 41 лице, најмногу досега во еден ден, објави во саботата словенечката влада.

Вчера е забележан поголем број на нови инфекции во споредба со претходниот ден, кога имало 1508 заразени, а учеството на позитивните во вкупно тестираните е поголемо од 26 проценти.

Според новите податоци, вкупниот број на потврдени инфекции се зголемил на 54.116 од почетокот на епидемијата, од кои активни се 19.803 случаи, инциденцата од 14 дена е моментално 945, а бројот на смртни случаи се искачи на 765.

Состојбата во болниците е сè уште критична и не се подобрува, па хоспитализирани се 1224 пациенти, од кои 201 се на одделите за интензивна нега.

Владата очекува дека поради новите ограничувања, кои ќе важат две недели, значително ќе се намали дневниот раст на бројот на нови инфекции и доаѓањето на нови пациенти во преполните болници, по што, според министерот за здравство Томаж Гантар, ќе биде можно „контролирана релаксација“ и олеснување на некои мерки, меѓу првите веројатно враќање на учениците и студентите на часови во живо.

Според Европскиот центар за сузбивање и контрола на болести (ECDC), Словенија е на високо четврто место според бројот на смртни случаи на 100.000 жители во последните 14 дена, односно по смртност од ковид-19 е зад Чешка, Белгија и Унгарија, објавија во саботата словенечките медиуми.

Официјалните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека досега најголем дел од смртните случаи биле меѓу оние на возраст над 85 години, најмладата жртва досега била 43 години, а учеството на смртни случаи кај популацијата кај кои е потврдено присуство на вирусот е околу 1,2 проценти.