Полицијата во соопштението ја информираше јавноста дека само соработката на словенечките и американските безбедносни власти ја спречи реализацијата на „планираните убиства со оружје“.

Полнолетен маж од околината на Крањ е осомничен и приведен под сомнение дека подготвувал напад со оружје што го нарачал во САД преку „црниот интернет“, а тоа требало да стигне на неговата адреса во пакет скриен во микробранова печка, потврди во средата словенечката полиција.

Полицијата соопшти дека соработката на словенечките и американските безбедносни власти спречи реализација на „планирани убиства со оружје“, без откривање на повеќе детали. Оружјето е одземено во САД од страна на Американската служба за домашна безбедност, со што се спречи потенцијална убиствена акција во Словенија, потврди полициската управа на Крањ на прес-конференција во попладневните часови.

Без откривање на идентитетот на осомничениот, полицијата изјави дека станува збор за лице кое досега не било во кривична или прекршочна постапка. Поради интересот за понатамошна истрага, таа не сакаше да ги потврди тврдењата на медиумите дека станува збор за полнолетно лице од областа Крањ, средношколец со проблеми на училиште , по шпекулациите во печатот дека лицето подготвувало акција за пукање слична на оние што често се случуваат во САД. Засега нема индиции дека повеќе лица биле вклучени во наводното планирање на вооружениот напад.

Американската служба за домашна безбедност открила пиштол Глок и автоматско офанзивно оружје „Ремингтон“ со муниција во пакетот испратен до Словенија и ги известила словенечките безбедносни органи, кои потоа реагирале. Сè се случи во април годинава, беше наведено на прес-конференција во полициската администрација во Крањ.

За 20-годишникот се вели дека постојано престојувал во својата соба и избегнувал контакт со луѓе. Познаниците денес го опишуваат како тивко и мирно момче, интровертно кое никогаш не викало или се заканувало.

И ова е типичен опис на личност која, според психијатриски критериуми, е способна да планира нешто екстремно како пукање. Тоа е вид на човек кој се повлекува од општеството, се чувствува најдобро кога е сам и се занимава со осамени активности, тој исто така се чувствува најбезбедно, вели Драган Терзиќ , психијатар и форензичар. Иако не го знае конкретниот случај, смета дека е можно во позадина да има и психијатриска дијагноза, бидејќи раните дваесетти години се времето кога поединецот најчесто почнува да изразува ментално нарушување.