И додека Лукас се подготвува за настап во Охрид, во Србија поради корона вирусот беше откажан неговиот концерт со Ана Николиќ, кој требаше да се одржи на 10-ти јули, во Бања Лука.

Во информацијата за откажувањето е наведено дека причината се ограничувањата поради вирусот, и како здравјето на публиката е приоритет. Нов датум за одржување на овој концерт, до денес нема.

На страницата на пејачот, освен најавениот концерт во Охрид, во блиска иднина не се закажани други настапи. Дури во месец октомври има најава за гостување во Минхен, Германија, заедно со Драгана Мирковиќ и Дарко Лазиќ. Нашите музичари ја дочекаа веста на концертот на Лукас во Охрид со низа на критики.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *