Од денеска за влез во Србија е задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, јави МИА од Белград.

По денешната седница на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се усвоени предлозите да се дозволи работа на трговски центри до 20 часот, како и дека сите услужни дејности ќе работат до 20 часот во работните денови.