Властите на Судан открија масовна гробница со 28 тела на војници, убиени во неуспешниот обид за пуч против поранешниот претседател Омар ал-Башир во 1990 година, соопшти суданското Јавното обвинителство.

Ова е втора масовна гробница од тој период, пронајдена во последните неколку месеци, во Омадурман, во близина на Картум.

– Доказите покажуваат дека масовната гробница е најверојатно таму каде лежат телата на офицерите кои се убиени и закопани на невнимателен начин, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на Судан.

Тим од 23 експерти, во период од три недели ја идентификува и откри локацијата што долго време беше строго заштитена.

Пролетта 1990 година, 28 офицери се обиделе да го соборат ал-Башир, но биле уапсени и егзекутирани во чудни околности.

Ал-Башир беше тргнат од власт од војската минатата година, а тој се уште нема коментар за откритието.


Напишете коментар