Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, смета дека во моментот е во тек Првата светска биолошка војна.

Денес ја гледаме Првата светска биолошка војна, чии последици ги чувствува целиот свет, рече секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Данилов за време на средбата со амбасадорите на Шведска и Финска во Украина Тобиас Тиберг и Пјајви Лајн.

Според него, во современиот свет „сајбер и биолошките закани стануваат пострашни и поопасни од нуклеарното оружје“. Данилов ја истакна важноста за обединување на напорите на земјите партнери во борбата против овие закани, се вели во веб-страницата на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Поранешниот началниот на Генералштабот на хрватската држава, Адмирал Давор Домазет Лошо ги потврдува анализите на Данилов и додава дека во таа биолошка војна Кина и длабоката држава се во сојуз против Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Еден од најпознатите руски доктори, Леонид Рошал изрази мислење дека ситуацијата со пандемијата на корона вирус изгледа како тест за биолошко војување.


Напишете коментар