За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен спроведе студија.

Резултатот е прилично изненадувачки. Според welt.de, најдобриот секс е на есен. И не само затоа што надвор е студено. Штом започне студеното време, поминуваме повеќе време во нашите четири sида. Во пријатна и романтична атмосфера, повеќе копнееме за интимност.

Научниците утврдија дека постојат и други причини зошто имаме подобар секс во текот на есента отколку во која било друга сезона.

Имено, нашите тела се прилагодуваат на годишните времиња, што може да се препознае првенствено со производство на хормони: нивото на машки тестостерон ја достигнува својата највисока вредност наесен, а производството на естроген е исто така највисоко во женското тело во овој момент. Тоа доведува до зголемување на желбата за секс.

Постои уште една причина што може да се земе предвид кога станува збор за водење љубов за време на есента. Всушност, децата зачнати во тој период се раѓаат во лето. Благодарение на големата количина на витамин Д, тие имаат совршени предуслови за цврсти коски и добар имунолошки систем. Значи, есента е идеално време за водење љубов.