Турција денес забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на вирусот корона, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата, додека владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до ограничувачките мерки.

Турското Министерство за внатрешни работи наведува дека забраниле пушење за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат маските на отворено за да пушат цигари.

– Со цел да се осигура дека маските се носат на вистински начин, влегува во сила забраната за пушење на отворено. Ова се однесува на улиците и булеварите каде што протокот на луѓе на дневна основа е огромен – додава Министерството.

Во вторникот, министерот за здравство Фахретин Коџа ги замоли граѓаните да носат маска над носот и да држат социјални дистанци.

– Те молам само направи што можеш. Ништо повеќе од тоа – напиша Коџа на Твитер.

На почетокот на оваа недела беше воведен полициски час во Истанбул и Анкара за лица постари од 65 години –  забрането им е да излегуваат на улица од 22 до 4 часот наутро.

Бројот на новоинфицирани со вирусот корона во Турција скока од ден на ден, па во средата се регистрирани 2.693 нови пациенти, пренесува Ројтерс.

Министерството за здравство објавува само случаи на заразени лица со симптоми, што беше осудено од јавноста во Турција, бидејќи на тој начин „се крие реалниот број на заразени лица во земјата“, додава Ројтерс.