На неколку дена пред почетокот на новата сеозна во ПМФЛ, стигнуваат резултатите од тестирањата на македонските прволигаши.

Сезоната в сабота ќе ја отворат екипите на Вардар и Борец, а денеска пристигнаа резултатите од тестовите направени врз најдобриот тим од минатата сезона во домашното првенство. Сите тестови на фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се негативни.

Тоа значи дека „црвено-црните“ без проблеми ја почнуваат новата сезона, која ќе се одвива според посебни протоколи поради пандемијата со Ковид-19.


Напишете коментар