Претставниците на Белград и Приштина во Вашингтон потпишаа договор во врска со економската соработка меѓу двете страни.

Како што ексклузивно открива дневниот весник Блиц, според тој договор, Приштина ќе се приклучи на иницијативата за мини Шенген, без одлагање ќе започне изградбата на нови мрежи на нови патишта и железници кои подобро ќе го поврзат регионот, а канцеларијата на Американскиот фонд за развој ќе биде отворена во Белград.

Договорот вклучува сеопфатен план за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

На средбата во Вашингтон, меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти со американскиот претседател Доналд Трамп беше договорено Приштина целосно да се приклучи на иницијативата за мини Шенген, што беше иницирана од српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и премиерот Македонија, Зоран Заев.

Пристапувањето на Приштина во Мини Шенген ќе даде клучен поттик за оваа иницијатива, ќе ја покаже силната поддршка на Америка за оваа иницијатива и ќе придонесе и преостанатите земји во регионот, кои тоа досега не го сторија да се приклучат кон Мини Шенген. Оваа точка од договорот значително ќе го забрза процесот на мини Шенген и создавањето на единствениот пазар, пишува Блиц.

И тука е “кваката”, во Мини Шенген не членоваат региони туку држави. Дали со оваа влегување на Косово во Мини Шенген Белград индиректно се согласи и ја признае независноста на Косово!?


Напишете коментар