Започна тестирањето на сите 11 милиони жители на Вухан. Поради неколку нови случаи на инфекција се појави страв од втор бран на корона вирусот во овој град.

Тестирањето на сите 11 милиони жители започна денес во Вухан, а првите граѓани стоеја во линија на дождот повеќе од еден час.

Здравствените експерти проценуваат дека ваквото тестирање е без преседан. Тестирањето во моментов се прави на четири локации. Приоритет ќе имаат вработените во образованието, здравството, транспортот и трговијата, државните службеници и граѓаните кои доаѓаат од странство.

Властите во Вухан, каде започна пандемијата минатата година и каде беа 80 проценти од сите заразени во Кина, започнаа кампања за тестирање оваа недела, затоа што поради неколку нови случаи на витусот се појави страв од вториот бран на инфекција.

Вухан беше ослободен од карантин во април, што траеше 76 дена. Сепак, властите во Вухан се плашат од можни асимптоматски случаи. Секој ден може да се тестираат 100.000 луѓе.


Напишете коментар