Водечкиот руски вируолог и член на Руската академија на науките, професорот Михаил Палјцев предупреди дека вирусот корона ќе има уште два брана и предвиде кога тој конечно ќе исчезне.

Палкцев, инаку директор на Центарот за имунологија и молекуларна биомедицина на Универзитетот во Москва, рече дека низ историјата, сите епидемии се случиле во три бранови.

Првиот е силен, вториот е уште посилен и третиот е најслаб затоа што дотогаш луѓето обично добиваат имунитет, објасни тој.

Гледаме дека вирусот ослабна во текот на летото, но веројатно ќе стане посилен во текот на есента. Следниот бран ќе биде во пролет следната година, така што ќе можеме да се вратиме во нормален живот од летото 2021 година, рече тој.

Руската вакцина и колективниот имунитет се теми за кои дебатира целата планета, а своето мислење го искажа и професорот Палјцев.

Колективниот имунитет се стекнува само откако 60 проценти од популацијата ќе ја прележи оваа болест, а инфекцијата исчезнува кога тоа ќе се случи со 95 проценти. Мораме да видиме што ќе се случи со овој вирус, бидејќи ова се теоретски заклучоци, ние мора да го проучиме и да го следиме. Корона вирусот мутира, се прилагодува, но не станува поагресивен, што е добра работа, рече тој.


Напишете коментар